11 февруари 2025
• од Вардарски
Илија Ѓозев, поранешен началник на известувачката служба на 15-тиот македонски корпус, изразил свое мислење за присуството на бугарската војска во Македонија во периодот од 1941 до 1944 година. Според него, бугарската војска не може да се смета за окупаторска во тој период, бидејќи, како што тврди, македонското население не покажувало отпор кон неа, а војниците и офицерите од Македонија доброволно служеле во бугарската армија.
Ѓозев, кој бил дел од 15-тиот македонски корпус – воена единица активна од октомври 1944 до април 1945 година и учесник во борбите на Сремскиот фронт, прави споредба меѓу бугарската и италијанската воена присутност. Тој истакнува дека во западна Македонија, каде што воената контрола била во рацете на Италијанците, ниту еден Македонец не прифатил да служи во италијанската армија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

