05 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа откривање на спомен-плоча посветена на борци на поранешната УЧК. На плочата се наведени имиња на неколку лица за кои пишува дека загинале во 2001 година, во селото Слупчане – село кое беше едно од клучните жаришта за време на конфликтот во таа година.
Иако засега не е познато точно кога и каде е снимано видеото, на него се гледа церемонија со неколку лица кои положуваат цвеќе пред споменикот, а зад плочата се веат албански знамиња и знамиња на УЧК. На самиот споменик стои натпис со следната содржина:
"Дëshmorët e kombit" (Херои на нацијата)
Имињата на неколку лица
"Ra në Sllupçan – 2001" (Паднале во Слупчане – 2001)
Видео-снимката, која се шири на социјалните мрежи, предизвика различни реакции во јавноста, особено поради тоа што не се наведени дополнителни детали – ниту локацијата, ниту датумот на поставување на споменикот.
Настанот повторно ја отвора чувствителната тема за меморијализацијата на настаните од 2001 година и улогата на симболиката на УЧК во јавниот простор.
🔽 Погледнете го видеото:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

