11 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Скандалозна видео-снимка на која се гледа познатиот невролог проф. д-р Иван Кузмановски се прошири со молскавична брзина на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина од реакции и коментари во јавноста. Снимката, чија содржина предизвика бурни реакции, веднаш го поттикна Министерството за здравство да преземе итни мерки.
Министерот за здравство, Азир Алиу, реагираше во најкус можен рок и донесе одлука за разрешување на д-р Кузмановски од функцијата директор на Универзитетската клиника за неврологија.
Во соопштението од Министерството се наведува:
„Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски. Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено.“
Со ова, министерот Алиу испрати јасна порака дека институциите нема да толерираат непрофесионално однесување, особено во здравствени установи од вакво значење.
Иако деталите околу снимката сè уште не се официјално потврдени, јавноста бурно реагираше на содржината, барајќи транспарентност и одговорност од сите инволвирани страни.
📹 Снимката можете да ја погледнете тука:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

