21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Еден српски турист, кој неодамна престојувал во Скопје, предизвика внимание на социјалните мрежи со своето видео во кое тврди дека најстарата црква во главниот град на Македонија е српска. Тој, снимајќи пред Црквата Свети Спас, ја изнесе својата верзија за историјата на ова значајно духовно и културно место.
Според туристот, Црквата Свети Спас е најстарата црква во Скопје. Таа била неколкупати оштетувана низ историјата, а својот денешен изглед го добила во 1932 година. Како што тврди, храмот во различни периоди бил под српско, грчко и бугарско влијание, што може да се види и преку различните гробови во нејзиниот двор. Посебно ја истакна и гробницата на српскиот свештеник Константин Миновиќ, кој бил убиен во 1905 година од бугарски вооружени лица поради одбивање да ја напушти послушноста кон белградската патријаршија.
Во своето видео туристот наведува три контроверзни точки поврзани со оваа црква:
Видеото предизвика полемики меѓу гледачите. Туристот го заврши своето обраќање со прашање до јавноста:
„Дали со ваквото однесување Македонската православна црква соодветно одговара на гестот на Српската православна црква, која ѝ ја подари автокефалноста во 2022 година?“
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден