Виктор Стојанов од Фондациjа Македонија ќе дарува крв за жртвите од трагедијата
Фондација Македонија изрази длабока почит кон жртвите од трагичниот настан и активно се вклучи во помошта на повредените и нивните семејства. Денес, претставници на фондацијата заедно со македонски бугари активисти положија цвеќе пред македонската амбасада, демонстрирајќи солидарност и поддршка.
Фондацијата работи на координација меѓу македонските и бугарските власти, обезбедувајќи логистичка и друга неопходна помош за жртвите и нивните семејства. Претседателот на фондацијата, Виктор Стојанов, преку објава на Фејсбук изрази сочувство и објави конкретни чекори кои ќе ги преземат:
„Фондација Македонија оддаде почит на жртвите од ужасната трагедија во град Кочани. Пожелуваме брзо закрепнување на повредените. Ќе даруваме крв за повредените и ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да им помогнеме.“
Активностите на фондацијата беа поздравени од јавноста, а граѓаните ја поддржуваат нивната мисија за помош и обединување во овие тешки моменти.