23 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Република Северна Македонија прогласи 7-дневна вонредна состојба во енергетскиот систем поради сериозен недостиг на мазут, предизвикан од пролонгираното доцнење на испораките од Грција. Причина за застојот се блокадите на граничните премини од страна на грчките земјоделци, кои траат повеќе од еден месец.
Одлуката е донесена на редовната 138-ма седница на Владата, со што се овозможува итно активирање на државните резерви на мазут што ги користи ТЕЦ „Неготино“. Вонредната состојба се однесува на целата територија на државата и ќе важи во период од седум дена од денот на нејзиното стапување во сила.
Од Владата информираат дека резервите на мазут ќе бидат префрлени без финансиски надомест, со цел навремено и непречено функционирање на енергетските капацитети. Воедно, АД ЕСМ е задолжено да достави детален извештај до Владата и Министерството за финансии за потрошувачката на овој нафтен дериват.
Надлежните институции уверуваат дека станува збор за превентивна мерка, чија цел е да се зачува стабилноста на електроенергетскиот систем и да се избегнат можни прекини во снабдувањето со електрична енергија, сè додека не се нормализираат условите за увоз на енергенси од соседството.
Социјалната Помош и Пензискиот Фонд на Работ на Колапс – Што Да Очекуваме?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

