30 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во ексклузивно интервју, професорот, поранешен премиер и министер Владо Бучковски зборува за состојбите во македонско-бугарските односи, евроинтегративниот процес и потребата од политичка храброст за вистинско помирување.
Бучковски потсетува дека со резолуцијата за „црвените линии“, тогашниот министер за здравство Венко Филипче им понудил на ВМРО-ДПМНЕ начин да се соочат со реалноста: дека разблокирањето на евроинтеграциите мора да мине преку Софија. Тој нагласува дека самоблокадата само и нанесува сериозна штета на земјата, а времето работи против нас.
„Колку повеќе одолговлекуваме, толку понеповолни ќе бидат решенијата. ЕУ има симпатии за нас, но правилата за гласање нема да се сменат“, предупредува Бучковски.
Поранешниот премиер ја отвора и темата за формирање голема коалиција со единствена цел – успешно завршување на преговорите со Европската Унија. Тој оценува дека македонскиот граѓанин е „отруен“ со долгогодишна негативна кампања против ЕУ и дека само национален консензус може да ја врати довербата во европската перспектива.
Една од најхрабрите идеи што ги изнесува Бучковски е потребата Македонија да започне процес на политичко-правна рехабилитација на значајни личности кои ги делиме со Бугарија. Според него, тоа би бил важен чекор кон искрено помирување и градење пријателство.
„По Втората светска војна имаше повеќе политички монтирани процеси. Таканаречените ‘ванчомихајловисти’ беа драконски казнувани. Време е државата да покаже зрелост и да ги исправи историските неправди,“ нагласува тој.
Во интервјуто, Бучковски открива и лична реакција поврзана со дипломатските односи. На одбележувањето на 30 години македонско-американски односи, тој едвај се воздржал да не извикува „Уа, шнајдери!“, како реакција на дел од присутните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

