20 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во прв круг избрани 11 градоначалници – ВМРО-ДПМНЕ со осум победи, СДСМ, НАИ и ВРЕДИ со по една
Според целосно обработените резултати од локалните избори, во единаесет општини градоначалниците се избрани уште во првиот круг. Најуспешна партија е ВМРО-ДПМНЕ, чии кандидати победија во осум општини, додека СДСМ, НАИ и ВРЕДИ имаат по еден градоначалник.
Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ победници се Славе Андонов во Василево (73,97%), Коста Маневски во Зелениково (57,19%), Ѓорѓе Божинов во Ново Село (58,86%), Александар Китански во Пехчево (52,47%), Спасе Кочовски во Вевчани (55,83%), Киро Нацков во Градско (71,92%), Никола Најдовски во Демир Хисар (53,91%) и Димитар Костадиноски во Јегуновце (58,32%).
Покрај нив, во прв круг победија и Блаже Шапов од СДСМ во Богданци (50,03%), Даут Мемиши од ВРЕДИ во Теарце (54,60%) и Алија Јаоски од НАИ во Пласница (64,45%).
Во девет општини следува втор круг, бидејќи ниту еден кандидат не освои повеќе од половина од гласовите. Меѓу нив се Дојран, Македонска Каменица, Могила, Ранковце, Чешиново-Облешево, Лозово, Росоман, Боговиње и Дебар, каде кандидатите со највисок резултат ќе се соочат повторно.
Изборите ќе се повторат во три општини – Маврово и Ростуша, Врапчиште и Центар Жупа – поради недоволна излезност на гласачите, односно неизполнување на законскиот цензус од една третина од запишаните гласачи. Најниска излезност е забележана во Центар Жупа со само 21,49%.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден