10 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
ВМРО-Народна партија упати остра реакција обвинувајќи ја актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дека со своето „поклонување“ пред Белград дозволува засилување на српскиот шовинизам и великодржавна политика кон Македонија.
Од ВМРО-НП посочуваат дека оваа година прославата на „битката на Кајмакчалан“ била намерно совпадната со 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Партијата го оценува овој чин како директно понижување на македонската држава и народ, оставајќи впечаток дека државниот празник е ставен во втор план.
Дополнително негодување предизвика поставувањето на спомен-плоча во Новаци во чест на српскиот четник Воин Поповиќ – Војвода Вук. Според македонската историографија, Поповиќ бил докажан антимакедонски четник чија цел била поробување и асимилација на македонскиот народ. ВМРО-НП смета дека ваквиот чин претставува опасен преседан и директна навреда за историската вистина.
Особено загрижувачка, според партијата, е појавата на паравоени сили кои годинава со црвени беретки продефилирале низ Битола и низ други градови во Македонија. ВМРО-НП предупредува дека ваквите паради претставуваат подигрување со самостојноста и посебноста на македонската држава и отвораат простор за нови провокации.
Во својата реакција, ВМРО-НП побара Владата да го објави документот со кој, како што тврдат, српската окупација на Македонија се прогласува за „општа историја и ослободување“. Тие сметаат дека со ова се создава основа за континуирани државни манифестации во насока на ширење на великосрпскиот наратив на македонска територија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

