21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Државниот пазарен инспекторат на 17 и 18 ноември 2025 година спроведе засилени контроли во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, опфаќајќи вкупно 23 правни субјекти кои се занимаваат со малопродажба на тутун и тутунски производи.
Од Инспекторатот информираат дека во 16 од проверените субјекти биле пронајдени количини на тутунски производи за кои не постоеле соодветни документи за набавка од добавувач, ниту пак биле обележани со задолжителните акцизни маркички.
Според надлежните, биле запленети над 3.000 пакувања цигари со проценета вредност од над 1.000.000 денари. Запленетите производи се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот на Република Северна Македонија.
За утврдените неправилности, Инспекторатот издал прекршочни платни налози согласно законските овластувања.
Дополнително, Државниот пазарен инспекторат доставил известување до другите надлежни институции — Царинската управа и Министерството за внатрешни работи — за преземање понатамошни мерки.
Од Инспекторатот порачуваат дека контролите ќе продолжат со цел откривање и санкционирање на нелегалната трговија на територијата на државата, во согласност со законските надлежности.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

