27 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Со почеток во 17:05 часот, денеска во Кочани ќе се одржи 24-тиот по ред „Марш за ангелите“. Настанот го организира Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“, со цел да им оддаде почит на 62-те „ангели“, чии животи беа насилно прекинати на 16 март 2025 година.
Организаторите порачаа дека маршот претставува симбол на заедништво, достоинство и борба за одговорност.
„Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината која им ја должиме“, стои во соопштението на здружението.
Маршот ќе започне од Паркот на револуцијата, по што колоната ќе продолжи кон Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани. Од таму ќе се движи кон Управата за јавни приходи, каде на кружниот тек кај УЈП и МВР е предвидено кратко запирање.
Потоа учесниците ќе продолжат кон Полициската станица, а од таму кон Основниот суд и Обвинителството. Завршната точка повторно ќе биде Паркот на револуцијата.
Здружението „16 Март 2025 Кочани“ нагласува дека овој настан е потсетување на болната загуба, но и на заедничката обврска да се бара вистината и одговорноста. Со маршот, велат, ја испраќаат пораката дека жртвите никогаш нема да бидат заборавени.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

