26 февруари 2025
• од Вардарски
Во Основниот кривичен суд Скопје одложено судењето за кучето Феликс, кое почина на 7 ми јануари, по нанесени тешки повреди од двајцата обвинети, Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски.
Рочиштето не се одржа, бидејќи Крстевски не го добил обвинителниот предлог и решението за предложената мерка за обезбедување.
Од Здружението „Анима Мунди“, кои протестираа пред Кривичниот суд, побараа зголемување на санкциите за делото убивање и мачење на животни, како и воведување нови квалификувани норми за истото.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

