17 јануари 2025
• од Вардарски
Вчера во 13.30 часот во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, го лишија од слобода А.Б.Ш.(31) од Данска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
