25 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Вооружена пресметка со огнено оружје се случила вчера попладне во скопското село Арачиново, при што било оштетено возило на случаен минувач.
Како што информираат од СВР Скопје, настанот бил пријавен вчера во 16:21 часот. Според пријавата, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица кои се движеле со две возила, било оштетено патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски таблички.
Оштетеното возило е во сопственост на лицето Б.Б. и, според информациите, случајно се нашло на местото на инцидентот, без да биде поврзано со настанот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за утврдување на идентитетот на лицата инволвирани во вооружената пресметка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

