11 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На 10 август 2025 година, во 11:55 часот, на регионалниот пат Р-1401, на локација позната како „Дојранска раскрсница“, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода 48-годишниот Б.К. од Куманово.
При редовна сообраќајна контрола, полицијата запрела патничко возило марка „Пежо“ со кумановски регистарски таблички, управувано од приведениот. По извршените проверки било утврдено дека возачот управувал под силно дејство на алкохол, со измерени 2,33 промили алкохол во крвта.
Б.К. бил задржан во Полициската станица Валандово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.
ДУИ бара политичка одговорност по фашистички повици на натпревар во Куманово