македонија21 февруари 2025 Вработените во Филхармонија денеска на протест пред Министерство за култура
Вработените во Македонската филхармонија денеска ќе одржат протест пред Министерството за култура. Како што најавија од Синдикатот на Македонска филхармонија, протестот е јавен апел до ресорното Министерство да ги почитува законските одредби при избор на директор на конкурсот кој заврши минатата недела.
„Во тек е изборот за директор, сакаме да укажеме дека доколку не се избере најдобриот кандидат кој ги исполнува сите услови од конкурсот ќе продолжиме со протести. Нема да дозволиме нашата институција да биде жртва на бесрамни политички договори“, велат вработените во Филхармонија.