03 март 2025
• од Вардарски
Вработените во Македонската филхармонија денеска на нов протест со почеток во 13 часот пред Министерството за култура и туризам.
Се сомневаат дека конкурсот за избор на нов директор на оваа установа се спроведува незаконски.
Протест одржаа и пред една недела, при што добија ветување од министерот за култура и туризам Зоран Љутков дека конкурсот ќе биде спроведен законски и дека ќе биде избран најдобриот кандитат кој ги исполнува условите.
„Пред точно една недела добивме ветување од министерот Зоран Љутков дека конкурсот за избор на директор на Македонската филхармонија ќе биде спроведен законски и дека ќе биде избран најдобриот кандидатот кој ги исполнува сите услови пропишани со Законот за култура. Во меѓувреме, добивме информации дека конкурсот веќе се спроведува незаконски, и дека по секоја цена се оди кон тоа меѓупартиски договорениот кандидат Мустафа Имери да биде назначен за директор на нашата институција“, соопштија од синдикатот на Македонската филхармонија.
Според информациите кои ги имаат, Имери не доставил комплетна документација, иако во конкурсот јасно е назначено дека некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Комисијата веќе им дала рок на кандидатите кои не доставиле уредна документација да ги достават потребните документи во рок од три дена.
Како што посочуваат во соопштението, со тоа се кршат условите пропишани во конкурсот, сѐ со цел да се истера меѓупартискиот договор меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДМНЕ и да се назначи Мустафа Имери за директор на нашата институција, посочуваат во соопштението.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

