21 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, се пофали дека добил поддршка од Башким Бакиу, кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ.
„Остварив пријатна и конструктивна средба со мојот пријател Башким Бакиу, кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ,“ напиша Лукровски на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од средбата.
Тој му се заблагодари на Бакиу за, како што рече, искрената и силна поддршка за вториот круг од локалните избори, нагласувајќи дека таа поддршка му дава „дополнителна енергија, мотивација и верба дека сме на вистинскиот пат“.
„Промените во Карпош веќе започнаа. Со обединети сили кон уште поголема победа во вториот круг,“ порача Лукровски во објавата, упатувајќи повик за единство пред завршницата на изборниот процес.
Според него, ваквите сојузи меѓу прогресивните политички сили се доказ дека граѓаните бараат нов пристап и нова енергија во локалното управување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден