12 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Додека жителите на Виница секојдневно се соочуваат со дупки по улиците, запуштени објекти и без ниту еден капитален проект на повидок, локалната власт, според сè, има поинакви приоритети – уживање во кафеани.
Според податоците од Open Finance, од почетокот на годинава досега се потрошени над 664.000 денари во локални угостителски објекти. Само во последниот месец сметките достигнале над 205.000 денари, а има и поединечни фактури што надминуваат 70.000 денари.
Граѓаните со право се прашуваат: За кого се овие трошоци? Што точно се слави, кога општината е замрзната и без резултати?
И покрај барањата за подобрување на инфраструктурата и реализација на конкретни проекти, буџетот се троши како да станува збор за приватна фирма. Општината тапка во место, а средствата се насочуваат кон кафеани, наместо кон јавниот интерес.
Од Левица – Виница порачуваат дека ова не е домаќинско работење, туку расипничко однесување од страна на луѓе кои очигледно заборавиле зошто се на своите функции. „Се однесуваат како да сме Швајцарија, а не град во кој ништо не мрда со години“, стои во нивното соопштение.
ДУИ бара политичка одговорност по фашистички повици на натпревар во Куманово
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ДУИ бара политичка одговорност по фашистички повици на натпревар во Куманово
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода