18 јануари 2025
• од Вардарски
Шест медицински екипи со три амбулантски возила, пет тима спасители на вода со чамци поддржани од Езерската полиција и дваесеттина нуркачи ќе се грижат за безбедноста на големиот број лица коишто на Богојавление Водици ќе запливаат по чесниот Крст во Охридското Езеро.
Од охридскиот Црвен крст апелираат да не се консумира алкохол пред влегување во езерските води, но и да не се влегува предвреме во езерото сè додека не биде положен Светиот Крст.
„Анализата ќе ја направиме оние години:18-та, 17-та, 19-та година сме имале преку 15 интервенции и сложени интервенции. Годиниве наназад 2 до 3 интервенции кои не се толку специфични, не се толку сложени, што значи се повеќе луѓето коишто доаѓаат овде кои влегуваат во водите на Охридското Езеро даваат повеќе внимание на своето здравје“, изјави Сашо Точков, претседател на Црвен крст Охрид.
За разлика од минатите години кога црковниот церемонијал се скратуваше поради тоа што капачите влегуваа во вода предвреме, од МПЦ апелираат овојпат да бидат трпеливи, бидејќи Архиепископот г.г. Стефан ќе го положи Крстот откако целосно ќе ја заокружи церемонијата и ќе упати порака до верниците.
„Препорака наша е да не се брза, додека не заврши тој со своето пеење и со целиот говор да не се влегува во вода, затоа што ќе настане хипотермија. Сигурно ќе е 15-20 минути целата церемонија“, изјави Емил Јовановиќ-нуркач.
Температурата на воздухот во недела ќе биде околу 6-7 степени, а на водата 9. Не се очекува да има ветер и бранови, што значи дека условите ќе бидат идеални и за капачите и за посетителите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

