28 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 37-годишен скопјанец, осомничен за кривичното дело „Изнуда“ по член 258 став 1 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, во изминатите два месеца осомничениот телефонски и преку различни апликации испраќал сериозни закани кон жена која живее во странство, но и кон нејзината мајка и брат во Македонија. Целта била да ја присили оштетената да му исплати 15.000 евра, со краен рок до 26 септември.
Под притисок од заканите, оштетената на 17 септември испратила 500 евра преку „Вестерн унион“, а потоа се договорила за исплата на дополнителни 4.500 евра во Скопје, пред Клиниката за онкологија.
Кога оштетената пристигнала во Македонија на 25 септември, веднаш го пријавила случајот во полицијата. Органите на редот организирале акција и го привеле осомничениот на лице место, во моментот кога се обидувал да ги земе парите.
Имајќи ја предвид опасноста од бегство, можноста за влијание врз сведоците и оштетената, како и ризикот да го повтори делото, јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

