27 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи информира дека во раните утрински часови на 27 август 2025 година, во скопскиот Центар изгореле четири патнички возила при пожар кој избувнал кај објектот „Зебра“.
Според податоците на МВР, во 02.05 часот било пријавено дека е опожарено патничко моторно возило „Фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице. Од пламените јазици биле зафатени и три други возила паркирани во близина:
Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, кои веднаш интервенирале по повикот. Од МВР додаваат дека увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денот со цел да се утврдат причините за пожарот и евентуалната одговорност.
Наместо гордост, понижување: Штип празнува јубилеј на клуб со окупаторско потекло
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден