06 март 2025
• од Вардарски
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во текот на вчерашниот ден почнала исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2025 година.
Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка можат да ја подигнат готовината од банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 5 март 2025 година, велат од Министерството.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, додаваат оттаму, за корисниците кои не користат картички, исплатата се спроведува во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 5 март за лицата чии презимиња почнуваат на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ и на 6 март на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

