01 февруари 2025
• од Вардарски
Доцна попладнево масовно се споделуваат фотографии на социјалните мрежи од притворското одделение на кои во кадар е младиот Васил Јованов, момчето осомничено за предизвикување сообраќајка со смртни последици каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.
На истите слики се гледа дека на Јованов му бил даден мобилен телефон, по што јавноста бурно реагираше.
На „Фејсбук“ се огласи и сестрата на починатата Фросина која реагираше во име на ожалостеното семејство.
„Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме до МВР – Сектор за Внатрешна Контрола да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот – монструм и да биде соодветно санкциониран. Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корумпцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно?“, напиша Росица Кулакова.
Се огласи и директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, кој за „Слободен печат“ вели дека мобилниот телефон веднаш му е одземен, извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица. Вети дека ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници коишто му го дале мобилниот телефон.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

