30 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Штип е затворена сендвичара откако беа регистрирани повеќе случаи на труење со храна кај средношколци. Бројот на затруени ученици се искачи на 15.
Првично биле евидентирани пет случаи, но бројката, како што соопштуваат надлежните, нагло пораснала во текот на денот.
По добиената пријава од Центарот за јавно здравје – Штип, инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) веднаш извршиле вонреден инспекциски надзор во објектот.
Од сендвичарата биле земени примероци од храната и брисеви од работните површини. Веднаш потоа, објектот бил затворен за работа.
Од АХВ информираат дека сендвичарата ќе остане затворена сè додека не пристигнат лабораториските анализи кои треба да потврдат дали храната е безбедна за консумирање.
„Објектот ќе остане затворен сè додека лабораториските резултати не потврдат дека храната е безбедна за консумирање“, стои во соопштението на Агенцијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

