13 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Еден час по неговото официјално отворање, денеска во Скопје заврши протестот организиран од здруженијата произлезени од војната на Ослободителната народна армија (ОНА).
Завршниот говор го одржа претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и еден од основачите на ОНА, Али Ахмети. Во своето обраќање, Ахмети побара слобода и правда за поранешните припадници на ОНА кои во моментов се соочуваат со судски процеси во Хаг.
Тој нагласи дека барањето за нивно ослободување е правично и произлегува од волјата на албанските граѓани, потенцирајќи дека борбата на ОНА била ослободителна и чиста.
Според организаторите и надлежните институции, протестот започнал и завршил мирно, без пријавени инциденти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

