МАКЕДОНИЈА

Зеленски го повикува Путин: „Се гледаме во понеделник – избери сам каде!“

05 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес упати директен повик до рускиот претседател Владимир Путин за итен состанок на највисоко ниво со цел постигнување прекин на огнот и завршување на војната меѓу двете земји.

На прес-конференција пренесена од украинската новинска агенција Укринформ, Зеленски изјави дека Украина е подготвена веднаш да седне на маса за преговори со Русија, при што предложи неколку неутрални локации: Истанбул, Ватикан или Швајцарија.

„Русите не се подготвени за прекин на огнот. Тие велат дека тоа е прашање што може да го решат само лидерите на двете земји. Јас сум подготвен – во понеделник, или било кој друг ден, каде и да одлучат“, порача Зеленски.

Според него, Украина предлага да се прогласи прекин на огнот до одржување на тој состанок, како прв чекор кон намалување на страдањата и ескалацијата на конфликтот.

Претходно, во понеделникот, во Истанбул беше одржан вториот круг од преговорите меѓу украинската и руската делегација, кој траеше повеќе од еден час во палатата Чираган. Како резултат од тие разговори, двете страни постигнаа согласност за размена на сите тешко ранети и критично болни воени заробеници, како и млади војници на возраст од 18 до 25 години, според принципот „сите за сите“. Дополнително, договорена е размена на телата на околу 6.000 загинати војници од обете страни.

Киев веќе предложи одржување на состанок меѓу претседателите на Украина и Русија до крајот на месецот, со надеж дека ваквиот чекор ќе донесе конкретен напредок во напорите за постигнување мир.

Со овој потег, Зеленски повторно ја нагласува подготвеноста на Украина за дијалог и дипломатско решение, оставајќи ја топката во рацете на Кремљ. Очекувањата сега се насочени кон одговорот на Владимир Путин.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени