27 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД претставува двигател за натамошен развој на односите меѓу двете земји. Ова го истакна бугарскиот премиер Росен Жељазков во заедничкиот настап со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк, пренесе бугарската влада.
Жељазков беше дел од традиционалниот прием организиран од страна на американскиот претседател по повод заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации. За време на краткиот разговор со Трамп, премиерот нагласи дека енергетиката и одбраната се меѓу најважните области во кои САД и Бугарија бележат историски успеси.
Според него, токму во овие сектори двете држави брзо ја продлабочуваат својата соработка, што е од суштинско значење за стабилноста и развојот на регионот.
БГНЕС објави дека Жељазков ја потврдил посветеноста на Бугарија да продолжи со засилување на стратешкото партнерство со Вашингтон, нагласувајќи дека заедничките напори во енергетиката и одбраната создаваат цврста основа за идни историски достигнувања.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

