03 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
„Има ли поубав почеток на Новата година од тоа да си дадеш оставка?“ – со оваа порака членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски по инцидентот што се случи на новогодишната вечер на плоштадот Плоштад Македонија.
Реакцијата на Жерновски доаѓа откако за време на новогодишната прослава, на која присуствуваше и самиот премиер, имало туркање и инцидент помеѓу група мигранти од Непал, во непосредна близина на бината и обезбедувањето.
Жерновски иронично потсети дека во декември Мицкоски јавно ги спомена неговото име, како и имињата на Венко Филипче и Љубомир Фрчкоски, во контекст на темата за мигрантите од Велика Британија.
„Ете, не мораше ние да ти ги најдеме твоите мигранти. Самите ти дојдоа на плоштад да си прослават со тебе. Ги разбирам – сакале да влезат во Новата 2026-та со некој близок, а кој да им биде поблизок од тебе, односно од оној кој им овозможил да влезат во Македонија?“ – порача Жерновски.
Тој продолжи со саркастичен тон, наведувајќи дека премиерот имал идеална можност да ја започне годината со оставка.
„Да беше од збор, ќе се качеше на бината, ќе одбројуваше ‘10, 9, 8, 7…’, а на крај ќе кажеше ‘Оставкааа!’ Ех, што аплауз ќе беше тоа – петарди и огномет како никогаш досега. Не само на плоштадот, туку во секој дом“, напиша Жерновски.
Тој дополнително обвини дека Мицкоски бил видно вознемирен и со „висок тон“ по телефон побарал мигрантите да бидат отстранети бидејќи, како што наводно рекол, „ќе направат проблем“.
„Чекај, чекај – нервозата допрва доаѓа. Ајде, ја чекаме оставката“, порача Жерновски, завршувајќи ја својата реакција.
Поднесено обвинение за злоупотреби и измами при јавни набавки во РЕК Битола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

