21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ сè уште силно се чувствува влијанието на поранешниот премиер Никола Груевски, иако формално не е присутен во политичките процеси.
Жерновски нагласи дека нема негативно мислење за членството на ВМРО-ДПМНЕ, но раководството, кое го поврза со Груевски и актуелниот лидер Христијан Мицкоски, буди сериозна загриженост.
„Немам лошо мислење за ВМРО-ДПМНЕ, но ако имате раководство како Груевски и Мицкоски, како да бидам мирен? Погледнете го извештајот – се враќаме назад“, изјави Жерновски.
Тој посочи и на изјавата на претседателката на државата дека „не е време за реформи поради војните во светот“, што според него е речиси идентичен став со поранешниот премиер Груевски.
„Тоа не може да биде случајно“, истакна Жерновски, додавајќи дека ваквите позиции претставуваат обид за „дeмиџ контрола“ по, како што го опиша, катастрофалниот извештај.
Жерновски оцени дека влијанието на Груевски, кое во еден период било намалено, повторно се зголемува.
„На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски нема да биде физички присутен, ама кадровски, во ставови и психички – ќе биде. Допрва ќе го гледаме тоа“, предупреди тој.
Говорејќи за медиумските слободи, Жерновски потсети дека во периодот кога СДСМ беше на власт, државата постепено напредувала и во 2024 година се пласирала на 36-тото место, пред Словенија, која била 42-ра, а Албанија 99-та.
Но, според него, само шест месеци по преземањето на власта од страна на новата гарнитура, Македонија паднала од 36-то на 42-ро место.
„Падот се должи на желбата на една власт да ги јавно контролира медиумите. Допрва ќе гледаме сличности со Груевски“, заклучи Жерновски.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

