20 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2025 година изнесува 65.077 денари и е намалена за 430 денари во споредба со август, кога достигна 65.507 денари. Доколку четиричлено семејство живее во изнајмен стан од 60 квадрати, потребните средства достигнуваат 80.452 денари, информира Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Пресметките на ССМ покажуваат дека најголем дел од семејниот буџет се троши за храна и пијалаци – 23.394 денари или 35,9 проценти од вкупната кошница. За облека и обувки потребни се 5.725 денари (8,8%), а за домување, вода, струја и греење 6.096 денари (9,4%).
За лична и домашна хигиена се одвојуваат 2.636 денари (4%), транспортот чини 4.716 денари (7,2%), а комуникациите 3.417 денари (5,3%). Дополнително, за здравје се предвидуваат 1.174 денари или 1,8 проценти.
Семействата во септември морале да издвојат 7.097 денари за образование (10,9%), а за рекреација и култура 5.592 денари (8,6%). Посетите на ресторани и хотели чинеле 4.131 денар (6,3%), додека за останати стоки и услуги биле потребни 1.100 денари или 1,7 проценти.
ССМ потенцира дека ако едно четиричлено семејство живее во изнајмен стан, на основната вредност на синдикалната кошница треба да додаде уште 21.471 денар за кирија. Со тоа, вкупните потреби достигнуваат 80.452 денари месечно.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

