01 мај 2025
• од Вардарски
Вршителот на должност директор на Зоолошката градина Скопје, Зоран Попов, денеска се огласи преку официјалната страница на институцијата, појаснувајќи ја ситуацијата со неисплатата на платите за месец март. Според Попов, проблемот не лежи кај менаџментот на ЗОО, туку кај Министерството за култура.
„Вработените во ЈУ Зоолошка градина Скопје, кои се грижат за над 500 животни, платата за март сè уште ја немаат добиено поради Министерството за култура кое е должно да ја исплати,“ наведува Попов.
Тој објаснува дека од страна на Министерството бил испратен мејл со барање сите јавни установи од областа на културата да направат измени на пресметките за мартовските плати, што, според него, е спротивно на Колективниот договор и нема правна основа.
Зоолошката градина, заедно со другите јавни установи, испратила официјални забелешки и прашања до Министерството, но до денеска не добиле никаков одговор. „Согласно насоките од Министерството за култура, директорите се принудуваат да ги поништат старите решенија за плата и да изготват нови,“ истакна Попов.
Тој јасно порача дека вината за неисплатените плати не е кај раководството на Зоолошката градина, како што, според него, се обиделе да прикажат некои поединци во јавноста. „За овие лаги и манипулации ќе побараме јавно извинување,“ додаде тој.
И покрај проблемите со платите, Попов уверува дека грижата за животните не била запоставена ниту еден ден и дека сите вработени во ЗОО Скопје продолжуваат да работат посветено.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

