27 март 2025
• од Гоце Кически
Основниот суд во Кочани постапуваше по 22 жалби поднесени од осомничени во врска со трагичниот пожар во Кочани, кој однесе 59 животи и предизвика повреди кај околу 200 лица. Од жалбите, 19 се одбиени, при што мерката „притвор“ останува на сила за тие лица. За тројца осомничени, меѓу кои двајцата поранешни градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев и една поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат, мерката притвор е заменета со куќен притвор.
„По поднесените жалби, Совет од тројца судии на Основниот суд во Кочани одлучи да одбие 19 од нив, при што мерката притвор останува на сила. За тројца осомничени, притворот е заменет со куќен притвор и определена е дополнителна мерка на претпазливост, како одземање на патните исправи или забрана за нивно издавање“, се наведува во соопштението од судот.
Одлуката за замена на притворот со куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници е оспорена од Основното јавно обвинителство, кое поднесе жалби пред Апелацискиот суд во Штип. Жалбите се во процес на разгледување.
„Едно од решенијата со кое беше заменета мерката притвор со куќен притвор веќе е правосилно, бидејќи за него нема поднесена жалба“, истакнуваат од Основниот суд во Кочани.
Во притвор останува градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по трагедијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

