18 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Вечерва во Кардиф, македонскиот фудбал доживеа уште една темна страница. Трибините обоени во црвено-жолто немаа сила да го издржат товарот на понижувањето кое се одвиваше пред нивните очи. Фалангата – симболот на нашата упорност, гордост и безрезервна поддршка – капитулираше пред последниот судиски свиреж.
Веднаш по шестиот примен гол, неверувањето и шокот се претворија во тишина. Потоа – во масовно станување од седиштата. Редови навивачи почнаа да го напуштаат стадионот како да сакаа што побрзо да побегнат од сцената која болеше да се гледа. Како секоја минута повеќе на трибините да беше нов удар по веќе повреденото македонско фудбалско срце.
Оние што останаа не знаеја дали гледаат натпревар или кошмар. Оние што си заминаа – едноставно не можеа да го издржат.
Македонските фудбалери, расеани и потонати, како да немаа одговор ниту за играта, ниту за погледите на оние што сè уште ги следеа. Ниту пак за празните седишта што се множeа зад нив.
Сликата од Кардиф беше мачна: нашите навивачи — луѓе кои патуваат илјадници километри, плаќаат, трпат студ, дожд, разочарувања — вечерва не успеаја да го издржат товарот. Овој пат, не до последната минута. Не до крајот.
А празните трибини зборуваа повеќе од секоја анализа, секоја изјава, секое ветување дека „ќе биде подобро“. Зборуваа за болка, за исцрпеност, за чувство дека тонеме подлабоко, натпревар по натпревар.
И можеби токму таа тишина, што одекнуваше од излезите на стадионот, беше најсилниот коментар за вечерта кога Фалангата – она што секогаш остануваше на нозе – овој пат се предаде предвреме.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

