03 март 2026
• од Гоце Кически
Емануел Макрон, изјави дека земјата го испраќа својот носач на авиони „Шарл де Гол“ во Средоземното Море. Тој рече дека Франција работи и на создавање коалиција за заштита на поморскиот сообраќај, кој е загрозен од растечката криза на Блискиот Исток.
Во телевизиско обраќање до француската нацијата, Макрон кажа дека мора да се преземат мерки затоа што Ормускиот Проток е затворен, а бродските патишта низ Суецкиот Канал и Црвеното Море се под закана поради проширувањето на конфликтот.
„Имаме економски интереси што треба да ги заштитиме, бидејќи цените на нафтата, цените на гасот и меѓународната трговија се сериозно погодени од оваа војна“, изјави Макрон.
Тој додаде дека Франција испратила и воен брод во близина на Кипар и соборила беспилотни летала над нејзините сојузници во Персискиот Залив. Меѓу воените средства што се користат се и борбените авиони „Рафал“.
Макрон нагласи дека Франција има договори за одбрана со Катар, Кувајт и Обединети Арапски Емирати. Тој рече дека овие земји се особено изложени на напади и дека Франција им должи солидарност.
Претседателот исто така изјави дека Франција им помага на своите граѓани кои сакаат да го напуштат регионот. Два авиона требало да пристигнат во Париз во вторникот вечерта. Безбедноста е зголемена и на некои места во Франција, додаде тој.
Макрон рече дека Иран „носи главна одговорност“ за американско-израелската акција.
СДСМ со критики до Владата за руските и кинеските влијанија по говорот на Руте
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

