30 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Тешката сообраќајна несреќа што се случи во Романија, во која животот го загубија седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК, не била резултат на технички дефект, туку на сериозно несовесно однесување на возачот. Ова го покажуваат резултатите од токсиколошкиот извештај, објавени од Институтот за судска медицина во Темишвар.
Според официјалните информации, возачот на минибусот кој се судрил со камион, во моментот на несреќата имал присуство на канабис, кокаин и алкохол во крвта. Податоците ги соопшти портпаролката на Обвинителството при Судот во Лугој за романската новинска агенција АГЕРПРЕС.
Обвинителката Берта Константинеску изјави дека лабораториските анализи недвосмислено потврдиле присуство на две психоактивни супстанции, како и алкохол, што сериозно ја доведува во прашање психофизичката способност на возачот за управување со возилото во критичниот момент.
Дополнително, при претресот на минибусот, истражните органи пронашле две кесички со сомнителни супстанции за кои се претпоставува дека се психоактивни. Нивната точна содржина сè уште се анализира во лабораторија. Случајот го води криминалистичката полиција од Лугој, во тесна координација со надлежното Обвинителство.
Државниот секретар во романското Министерство за внатрешни работи, Богдан Деспеску, потврди дека за време на истрагата и обдукцијата биле идентификувани забранети супстанции, но нагласи дека конечните и целосни резултати ќе бидат соопштени по завршувањето на целокупната експертиза.
Истрагата продолжува, а јавноста во Романија и Грција очекува целосно расветлување на случајот и утврдување на одговорност за трагедијата што ја потресе спортската и пошироката јавност во двете земји.
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

