25 мај 2026
• од Темелко Тошев
Здружението „Мир, хармонија, стабилност“, кое се појави како организатор на собирот во поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ одржан во Куманово, добило финансиски средства од Министерството за надворешни работи на Србија.
Според информациите што ги пренесува „Нова економија“, а на кои се повикува весникот „Коха“, станува збор за сума од 400.000 српски динари, која е доделена во рамките на конкурс на Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот. Целта на овој конкурс е кофинансирање на проекти на српски организации надвор од границите на Србија.
Во достапната документација се наведува дека здружението аплицирало со проект под наслов „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под превезот на молитвата“, за кој е одобрено финансирањето. Средствата биле доделени во текот на месец април оваа година, преку јавен повик за поддршка на организации на Србите од регионот.
Собирот во Куманово, кој се одвиваше во ист ден кога во Белград се одржуваа студентски протести, предизвика значително внимание во јавноста поради својот карактер и испратените политички пораки. На самиот собир беа забележани транспаренти со пораки за поддршка на претседателот Вучиќ, како и знамиња на Србија и на Северна Македонија.
Иако засега не постои официјална потврда за директна врска помеѓу доделените средства од српските институции и самата организација на конкретниот политички собир, случајот предизвика низа реакции и различни толкувања во политичките кругови и во медиумите во регионот.
ВМРО-НП реагира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика
Хуманитарна акција: Помош за лекување на 14-годишниот Марко Џолевски во Турција
Историја во Атина: Бугаринот Александар Везенков е шампион на Европа со Олимпијакос!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

