25 мај 2026
• од Темелко Тошев
Сериозен инцидент се случи денеска на градилиштето на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во непосредна близина на Католичката црква во Скопје. Поради попуштање на потпорните ѕидови, дошло до голем одрон на земјиштето, при што дел од тротоарот и коловозот пропаднале во ископот.
Според сведоштва на очевидци, до свлечиштето дошло во моментот кога багер вршел ископ во внатрешноста на објектот. Силата на земјата која се срушила повлекла дел од инфраструктурата, при што е урната и една бандера, која паднала директно врз паркирано возило.
Жителите од околните згради кои се дел од иницијативата „Во одбрана на Буњаковец“ реагираа остро на социјалните мрежи, истакнувајќи дека овој инцидент е резултат на долготрајно игнорирање на безбедносните протоколи.
„Со недели предупредувавме дека ископот е небезбеден и дека нема соодветна заштита на страничните ѕидови. Денес, на државен празник, кога сите требаше да мируваат, на градилиштето сепак се работеше, што резултираше со колапс на теренот“, велат од „Во одбрана на Буњаковец“.
Сликите од местото на настанот се вознемирувачки. Видлива е огромна дупка, прекинати кабли за струја и телекомуникации, а дел од коловозот и пешачката зона се буквално „проголтани“ од градежната јама. Граѓаните кои живеат во непосредна близина сега прашуваат – дали овој потег е воопшто безбеден за пешаците и дали се загрозени темелите на околните објекти?
Надлежните институции сè уште немаат излезено со официјален извештај за причините за овој инцидент и дали ќе бидат преземени мерки за санација и санкционирање на одговорните за лошата градежна практика.
Овој инцидент повторно ја отвора дебатата за безбедноста на градилиштата во Скопје, која стана исклучително актуелна по трагедијата што се случи пред еден месец, на 24 април. Тогаш, на градилиште во општина Кисела Вода, дојде до свлечиште на земја при што загина еден работник, а четворица беа повредени.
Граѓаните бараат итни инспекциски надзори на сите големи ископи во централното градско подрачје, со цел да се избегнат посериозни последици по човечки животи..
ВМРО-НП реагира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика
Хуманитарна акција: Помош за лекување на 14-годишниот Марко Џолевски во Турција
Историја во Атина: Бугаринот Александар Везенков е шампион на Европа со Олимпијакос!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

