22 август 2026
• од Темелко Тошев
Прелиминарната листа на Воената академија во Скопје за прием на нови питомци содржи 46 кандидати, од кои само еден е Албанец. Ова покажува дека во институцијата која го подготвува идниот воен кадар, Албанците се сведени на чисто симболична застапеност.
Коалицијата ВЛЕН, и покрај позициите што ги има во оваа влада, но и во Министерството за одбрана, молчи пред овие бројки.
Да се биде на власт, да се повикуваш на претставување на Албанците и да не си во состојба да обезбедиш елементарна застапеност за твоите сограѓани Албанци, не е власт, туку е само декор.
ВЛЕН, како учесник во владата и дел од власта, имајќи и заменик-министер во Министерството за одбрана, требаше да направи повеќе во оваа насока. Требаше да направи сѐ за да ги поттикне, да им олесни и помогне на младите Албанци што повеќе да аплицираат и да бидат примени, со цел зголемување на бројот на Албанците во одбраната. Оваа прелиминарна листа е јасен доказ дека ништо не е преземено во оваа насока и несомнено претставува уште еден неуспех на ВЛЕН.
Алијанса за Албанците (АА) бара итно разјаснување од Министерството за одбрана и од Воената академија, како и политичка одговорност од албанските претставници во Владата. Албанците не бараат привилегии, туку правична, еднаква и достоинствена застапеност во државните институции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

