21 август 2026
• од Темелко Тошев
Познатиот новинар Васко Ефтов изнесе сериозни тврдења во врска со политиките на поранешниот премиер Никола Груевски, посочувајќи дека токму во неговиот мандат се создале условите и материјалите со кои денес се негира македонската историографија.
Според Ефтов, контроверзните историски книги со кои денес мавтаат бугарските политичари, пред сè Красимир Каракачанов, биле објавени токму во периодот кога на власт беше Груевски.
Во својата анализа, Ефтов се осврна и на позадината на поранешниот премиер, истакнувајќи дека иако Груевски фигурирал како вработен во Балканска банка, тој всушност бил тесно поврзан со „Мултигруп“.
Клучниот аргумент во излагањето на Ефтов се кадровските решенија во тој период, особено поставувањето на Зоран Тодоровски на челната позиција во Државниот архив.
„Во мандат на Никола Груевски, Зоран Тодоровски доаѓа на чело на Архивот – човек кој беше обвинуван за бугараштво уште во првиот мандат на Љубчо Георгиевски“, истакнува Ефтов.
Тој додава дека токму под тоа раководство и во тој мандат се објавени најспорните книги за македонската историја, меѓу кои и едицијата „Спомените на војводите“. Овие изданија денес се користат како главен адут од страна на официјална Софија.
„Во мандат на Никола Груевски се објавени најспорните книги со кои сега мавта Красимир Каракачанов, тврдејќи дека тие се бугарски и дека тука е македонската историографија“, заклучува новинарот.
Овие тврдења фрлаат нова светлина врз одлуките донесени во минатото, кои очигледно имаат директни и сериозни реперкусии врз денешните македонско-бугарски односи и историски спорови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

