06 јули 2026
• од Темелко Тошев
Гостувајќи во поткастот „Почетна пресметка“, еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари, изрази отворено разочарување од застојот на европскиот пат на Македонија и нереализирањето на уставните промени. Тој посочи дека токму промената на Уставот била клучниот услов за влез во Владата, но роковите изминале без никаков конкретен резултат.
„Од четири точки во договорот на ВЛЕН со ВМРО, првата точка беше менување на Уставот и европскиот пат на Македонија. Ние влеговме во власта со тој услов... Првите шест месеци поминаа – ништо. Поминаа уште шест – пак ништо“, истакна Таравари, додавајќи дека според неговите проценки, уставни промени нема да се случат уште подолг период.
Осврнувајќи се на актуелната политичка реторика, тој упати критика до изјавите на премиерот поврзани со заштитата на идентитетот како причина за одложување на евроинтеграциите.
„Ме разочарува кога ќе го слушнам премиерот да кажува дека и декади ако треба ќе чекаме, ама ние еден сантим не го даваме идентитетот. Никој не ти го бара идентитетот и не можам јас на тебе да ти го земам, ниту на никој друг“, дециден е Таравари.
Во своето излагање во поткастот, тој нагласи дека стравот за губење на националниот идентитет е неоснован, бидејќи тој е заштитен преку државниот апарат и институциите.
„Јас се чувствувам дека тоа е многу интимна работа. Имаш држава којашто ти обезбедува идентитет, имаш институции кои ти го развиваат: култура, образование, МАНУ... Кој може да ти го земе идентитетот?“, запраша Таравари на крајот од гостувањето во „Почетна пресметка“.
Никола Цолов со двојна победа во Велика Британија ја зголеми предноста во Формула 2
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

