05 јули 2026
• од Гоце Кически
Шпанија се соочува со втор силен топлотен бран ова лето, а државната метеоролошка служба издаде портокалови предупредувања за голем дел од земјата. Температурите во наредните денови ќе достигнат меѓу 42 и 44 Целзиусови степени, а екстремната жештина се очекува да трае најмалку до вторник.
Највисоките температури се прогнозираат во југозападните делови на земјата, особено во долините на реките Гвадалкивир и Гвадијана, како и во долината на Ебро. Во некои области живата во термометарот може да се искачи и до 44 степени.
Најпогоден регион е Андалузија, каде што за повеќе провинции е активирано портокалово предупредување поради екстремната жештина. Високи температури се очекуваат и во Галисија, на Балеарските Острови и во внатрешноста на северниот дел од земјата.
Топлотниот бран не ги одминува ниту Канарските Острови. Властите прогласија тревога поради зголемен ризик од шумски пожари на островите Гран Канарија и Тенерифе, а предупредувањата ќе бидат дополнително засилени во текот на следните денови.
Екстремната жештина доаѓа само неколку дена по првиот топлотен бран ова лето, за кој шпанските здравствени власти проценуваат дека придонел за речиси 900 смртни случаи во текот на јуни. Дополнителен проблем претставуваат и високите ноќни температури, кои на многу места нема да паѓаат под 20 до 28 степени, што значително го зголемува здравствениот ризик, особено за постарите лица и хронично болните.
Метеоролозите очекуваат температурите постепено да почнат да се намалуваат од четврток, иако до средината на неделата поголемиот дел од земјата ќе остане под влијание на екстремно топло време.
Никола Цолов со двојна победа во Велика Британија ја зголеми предноста во Формула 2
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

