03 март 2026
• од Тодор Вангелов
Во Основното јавно обвинителство Скопје немало пријави за семејно насилство против Стојанче Јовановски – сопруг и татко на жената и малолетното девојче кои вчера го загубија животот по пад од зграда во скопската населба Тафталиџе. Наместо тоа, против него се водела активна постапка за кривични дела поврзани со дрога, како и претходни предмети за насилство и напад врз службено лице.
Од Обвинителството информираат дека на 29 декември 2025 година била отворена постапка за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Во багажникот на неговиот автомобил биле пронајдени 19 грама марихуана и 7 грама амфетамин. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост, кои сè уште се на сила.
Во однос на постари предмети, од Обвинителството посочуваат дека тие се процесуирани. Поднесено било обвинение за насилство кон трето лице, заедно со други соучесници, како и обвинение за напад врз службено лице, во кое како сообвинета се појавува и сега починатата жена.
Според првичните информации, во моментот на настанот жената и малолетното девојче биле сами во станот, кој бил заклучен одвнатре.
По наредба на јавен обвинител, денеска се спроведуваат повеќе истражни дејствија – распити на лица со релевантни сознанија, екстракција на податоци од мобилни телефони, како и обезбедување и анализа на снимки од видеонадзор и други видео-записи од повеќе локации.
Истрагата продолжува со цел целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
СДСМ со критики до Владата за руските и кинеските влијанија по говорот на Руте
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

