02 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Брисел изразува сериозна загриженост дека Соединетите Држави би можеле да започнат нова дипломатска стратегија во однос на украинската криза, која ќе вклучува директен притисок врз Киев за отстапки кон Москва.
Овие процени доаѓаат по најавената средба меѓу специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и рускиот лидер, Владимир Путин, која според Кремљ ќе се одржи во вторник, 2 декември, попладне.
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, во изјава за Гардијан остро предупреди дека новите контакти би можеле да се сведат на, како што кажа, „убедување на жртвата да попушти“.
„Се плашам дека целиот притисок ќе биде насочен кон жртвата. Тоа значи дека Украина ќе мора да направи отстапки и да преземе обврски“, истакна Калас, додавајќи дека ваквиот пристап може да ја ослабне позицијата на Киев и да влијае негативно врз долгорочната стабилност во конфликтот.
Од Кремљ, портпаролот Дмитриј Песков потврди дека Путин ќе има серија приватни консултации во текот на денот како подготовка за пошироките руско-американски преговори.
Средбата меѓу Виткоф и Путин следи по разговорите што САД ги водеа со Украина во Флорида за време на викендот. Украинската делегација таму ја предводеше Рустем Умеров, кој неодамна беше назначен на чело на претседателската администрација, наследувајќи го Андриј Јермак, по скандал поврзан со корупција.
Според руските медиумски извори, за време на преговорите во Флорида се дискутирало за идните стратешки очекувања, можните модели на преговарачкиот процес и промени во дипломатските пристапи од двете страни. Овие најави дополнително ја нагласија важноста на мисијата на Виткоф во Москва.
Во моментов, клучното прашање останува дали Вашингтон ќе инсистира на забрзан компромис меѓу Киев и Москва, или – како што предупредуваат од Брисел – ќе го префрли товарот на отстапките врз Киев.
ЕУ подготвува нови санкции кон Белорусија поради „хибридни“ закани кон Литванија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

