29 јануари 2026
• од Гоце Кически
Рускиот нафтен гигант „Лукоил“, кој е под американски санкции поради војната во Украина и поширокиот притисок врз Русија, објави дека склучил договор за продажба на своите странски активи на американската инвестициска компанија Carlyle. Одлуката е директна последица на санкциите на САД и претставува сериозен удар за руското економско и политичко влијание во Источна Европа.
Договорот се однесува на Lukoil International GmbH, компанија со седиште во Виена, која управува со повеќе од 100 подружници во околу 50 земји. Во продажбата не се вклучени активите во Казахстан, но се вклучени сите клучни средства на Балканот, меѓу кои и оние во Бугарија.
Бугарија е една од најпогодените земји од оваа промена. „Лукоил“ со години ја контролираше рафинеријата во Бургас – најголемата на Балканот, со капацитет од 190.000 барели дневно. Оваа рафинерија не беше само економски фактор, туку и силна алатка за руско влијание врз бугарската политика, енергетска безбедност и јавен живот.
Со продажбата на овие активи на американска компанија, еден од најважните столбови на руското присуство во Бугарија практично престанува да постои. Тоа значи помало влијание на Москва во стратешкиот енергетски сектор и поголема ориентација на земјата кон западните сојузници.
Покрај Бугарија, во договорот влегуваат и рафинеријата „Петротел“ во Романија, како и мрежите за продажба на горива во Србија, Хрватска, Црна Гора, Молдавија и Северна Македонија, заедно со неколку складишта за нафтени деривати во регионот.
Американските власти преку OFAC веќе дадоа временска дозвола за трансакции поврзани со бугарските компании на „Лукоил“, со важност до 29 април 2026 година. Ова јасно покажува дека процесот се одвива под строг надзор и во рамки на санкциската политика кон Русија.
Carlyle управува со средства вредни 474 милијарди долари и е еден од најголемите инвестициски фондови во светот. Вкупната вредност на активите на „Лукоил“ се проценува на околу 22 милијарди долари.
Оваа продажба испраќа јасна порака: руското влијание на Балканот, особено во Бугарија, повеќе не е недопирливо. Санкциите функционираат, а енергетската карта на регионот почнува да се менува во корист на Западот.
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

