02 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Романија е корумпирана држава, а граѓаните со право сметаат дека нема доволна волја од страна на институциите за вистинска борба против корупцијата. Сепак, стандардот на живеење е значително подобрен во споредба со пред две децении, изјави претседателот на државата Nicușor Dan.
Изјавата беше дадена на свечен прием по повод Националниот празник на Романија – 1 Декември, за медиумот Digi24 да пренесе дека претседателот повикал на „рамнотежа и јасност“ при согледување на моменталната состојба во земјата.
Претседателот нагласи дека, иако корупцијата низ изминатиот период ја кочела државата и спречила побрз напредок, Романија денес живее подобро и од многу соседни земји. „Живееме многу подобро отколку пред 20 години и подобро од голем број наши соседи, но живееме полошо од минатата година,“ истакна тој.
Тој призна и дека во последните месеци не е забележана корупција на највисокиот државен врв, што претставува позитивен сигнал за земјата.
Говорејќи за образованието, претседателот оцени дека постојат области со високи достигнувања, но дека генерално образовниот систем е „слаб до многу слаб“, што може да создаде сериозни проблеми во иднина.
Во однос на здравството, тој нагласи дека здравствениот систем е далеку од нивото на кое можел да биде, земајќи го предвид вложениот јавен буџет. Сепак, како позитивен пример го спомена почетокот на изградбата на нови болнички објекти со финансиска поддршка од европскиот план за закрепнување и развој.
Претседателот пофали дека Романија има динамична и стабилна приватна економија, која за 10 години успеала да го удвои БДП-то на државата. Но истовремено предупреди дека земјата има голем трговски дефицит и дека во моментов нема јасна економска политика ниту вистинска визија за развој.
И покрај ова, тој нагласи дека државните власти успешно го одржале календарот за пристапување кон меѓународната организација за економска соработка и развој, а процесот на Романија за приближување кон OECD се одвива според планираното.
ЕУ подготвува нови санкции кон Белорусија поради „хибридни“ закани кон Литванија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

