03 март 2026
• од Тодор Вангелов
Институтот за проучување на војната објави нов извештај за текот на конфликтот меѓу Израел, САД и Иран. Борбите продолжуваат со воени дејствија од воздух, ракети и дронови во повеќе земји од регионот.
Израелската армија изврши воздушни удари врз важни политички институции во Техеран. Според извештајот, погодени се објекти поврзани со Врховниот совет за национална безбедност и други државни тела.
САД и Израел, исто така, гаѓале објекти на иранските внатрешни безбедносни сили во провинцијата Курдистан. На 3 март бил уништен штаб на полицијата во Мариван, а ден претходно бил погоден сличен објект во Санандаџ. Овој регион беше центар на масовни протести во 2022 и 2023 година по смртта на Махса Амини.
Сателитски снимки покажуваат дека бил погоден и објект на разузнавачката служба во Техеран, како и во градот Илам.
Заедничките сили дејствувале и врз фабрики поврзани со иранската воена индустрија, меѓу кои и фабрика за оптичка опрема во Исфахан, поврзана со производство на дронови.
Удрени биле и бази на Револуционерната гарда во западен Иран, каде се произведуваат и дронови и ракети. Според американската воена команда, бомбардери Б-1 учествувале во дел од операциите.
Воени активности имало и околу пристаништето Џаск, кое е важно за извоз на иранска нафта и за движење на воената морнарица.
Иран продолжи со ракетни напади кон Израел. Израелската армија потврди дека на 1 март била истрелана балистичка ракета со касетна боева глава. Овој тип муниција се распрснува на повеќе мали експлозиви и може да предизвика штета на поширока област.
Покрај Израел, Иран изврши напади и врз цели во земјите од Персискиот Залив. Дронови погодиле пристаништа во Оман, вклучително и Салала и Дукам и врз нафтени објекти во Обединети Арапски Емирати.
Два ирански дрона ја нападнале американската амбасада во Ријад, во Саудиска Арабија. Предизвикан бил мал пожар и ограничена материјална штета. Саудиското Министерство за надворешни работи го осуди настанот и најави можен одговор. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе се знае каква ќе биде реакцијата.
Катар соопшти дека не извршил воени дејствија врз Иран, по објавени информации во медиумите. Според извештајот, од почетокот на војната Иран лансирал повеќе од 100 ракети и десетици дронови кон Катар.
Во Ирак, производството на нафта на едно од најголемите нафтени полиња било запрено поради безбедносната состојба и проблеми со извозот.
Хезболах изврши повеќе ракетни и дронски напади кон позиции на израелската армија во северен Израел. Израел возврати со воздушни удари врз цели во јужен Либан и Бејрут.
Израелската влада соопшти дека армијата започнала ограничени воени операции во јужен Либан со цел да создаде „безбедносна зона“ и да спречи понатамошни закани.
Израелската армија тврди дека во овие операции биле ликвидирани високи членови на иранската Револуционерна гарда и команданти поврзани со Хезболах. Овие информации засега не се независно потврдени.
Воените дејствија врз нафтени и гасни објекти веќе предизвикуваат проблеми во снабдувањето со енергија во регионот. Неколку компании најавија привремено запирање на производството.
СДСМ со критики до Владата за руските и кинеските влијанија по говорот на Руте
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

