15 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
На 15 јануари , православните христијани го празнуваат споменот на Свети Силвестер, еден од значајните архипастири на ранохристијанската Црква и сведок на нејзиното утврдување во времето на царот Константин.
Свети Силвестер е роден во Рим. Уште од младоста ја прими и светската мудрост и живата вера во Господ Исус Христос, живеејќи постојано според евангелските заповеди. Особено силно духовно влијание врз него извршил свештеникот Тимотеј, од чиите поуки многу се ползувал. Свети Силвестер и лично присуствувал на маченичкото погубување на својот духовен учител заради верата, а тој пример на храброст и пожртвуваност длабоко се вкоренил во неговото срце и го одредил неговиот понатамошен животен пат.
Во триесеттата година од својот живот бил избран за епископ Римски. Како архипастир, со голема ревност се грижел за духовниот поредок и за исправување на обичаите меѓу христијаните. Така, го укинал постот секоја сабота, кој дотогаш го практикувале некои христијани, и определил да се пости само на Велика Сабота, како и на оние саботи што паѓаат во периоди на пост.
Со своите усрдни молитви и со чудесната Божја благодат, Свети Силвестер придонел за обраќањето во вистинската вера и крштевањето на царот Константин и неговата мајка, светата царица Елена. Тој исто така ѝ содејствувал на царицата Елена при пронаоѓањето на Чесниот Крст Господов во Ерусалим, настан од исклучително значење за целото христијанство.
Свети Силвестер ја управувал Црквата Божја дваесет години, оставајќи длабок траг како мудар и благочестив пастир. Својот земен живот го завршил чесно и во мир, предавајќи ја душата на Бога, а Црквата и денес со благодарност и молитвено сеќавање го прославува неговото свето име.
Левица: Пратениците повторно испумпале 14,4 милиони денари за патни трошоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

