19 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Денес православните христијани го одбележуваат празникот на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, еден од најпочитуваните и најславните светители во христијанскиот свет. Неговото име со векови се поврзува со милосрдие, правда, заштита на слабите и силна вера во Бога.
Свети Николај бил единец син на богати и угледни родители, кои долго време немале деца. Како дар од Бога, тие го посветиле својот син на духовен живот уште од најрана возраст. Основите на духовното образование Николај ги стекнал под раководство на својот чичко, епископот Николај Патарски, кој имал големо влијание врз неговото монашко и духовно оформување. Подоцна се замонашил во манастирот „Новиот Сион“, основан токму од неговиот чичко.
По смртта на родителите, Свети Николај го раздал целиот наследен имот на сиромасите, задржувајќи ништо за себе. Како свештеник во градот Патара се прочул по своите дела на милосрдие и помош на немоќните, кои ги вршел тивко и скришно, водејќи се од евангелските зборови да не се фали со добрите дела.
Иако посакувал живот во самотност и безмолвие, Свети Николај добил Божји повик да служи меѓу народот. Според Божјата промисла, бил избран за епископ на градот Мир во Ликија. Во времето на жестоките прогонства на христијаните под царевите Диоклецијан и Максимијан, бил затворен, но и таму продолжил да ги поучува и охрабрува верниците во верата.
Свети Николај учествувал и на Првиот Вселенски Собор во Никеја, каде со голема ревност ја бранел православната вера. Поради неговиот остар настап против еретикот Ариј, привремено бил отстранет од архијерејската служба. Сепак, по Божја интервенција и јавување на Господ Исус Христос и Пресвета Богородица на неколку архиереи, неговата праведност била потврдена и службата му била вратена.
Уште за време на својот живот, народот го сметал за светител и чудотворец. Верниците му се обраќале за помош во маки и неволји, а тој, според преданието, им помагал и се јавувал и во сон и на јаве, без разлика на далечината.
На старост, по кратко боледување, Свети Николај се упокоил во Господа на 6 декември 343 година. И по својата смрт, Црквата верува дека продолжува да чудотвори и да им помага на верните, прославувајќи Го Бога и сведочејќи за силата на љубовта, милосрдието и живата вера.
Бујар Дардишта уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

