17 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската организација „Фондација Македонија“, предводена од Виктор Стојанов, преку социјалните мрежи објави став во кој бара воведување економски санкции против Северна Македонија и премиерот Христијан Мицкоски.
Реакцијата на фондацијата следи по изјавата на премиерот Мицкоски, во која тој посочи дека македонската Влада е подготвена за средба со бугарската страна. На своите профили на социјалните мрежи, организацијата сподели видео од оваа изјава на македонскиот премиер, оценувајќи ја како навредлива за Бугарија.
Во објавата на „Фондација Македонија“ се наведува:
„Слушнете ги навредите што Мицкоски ги упати денес против Бугарија. Утре треба да се воведат економски санкции врз него и неговата влада.“
Засега, објавата е само став на невладината организација претставена на социјалните мрежи и нема официјални реакции или коментари од државните институции на ниту една од двете земји по повод ова барање.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

